дома / Анкети / Идни прогнози / Зошто ВМРО – ДПМНЕ на локалните избори заврши со вакви резултати?
избори 2017

Зошто ВМРО – ДПМНЕ на локалните избори заврши со вакви резултати?

Прво резултатот на изборите беше помалку или повеќе очекуван. И за тоа има не многу но доволно анализи од стручни лица кои поминале малку повеќе од 12 години во светот на политиката. Некој од нив се професионалци во својата фела и ја “израснаа” државата па често знаат одлично да проценат како “дише” електоратот.

Но попластично, зошто ВМРО – ДПМНЕ на локалните избори заврши со вакви резултати? Прво не држи вода изјавата на Никола Груевски дека се е чист изборен грабеж. И тоа се докажува во 2 секунди. Споредете ги бројот на гласови во одредена општина дадени за кандидатот за градоначалник со оние кои електоратот ги доделил за листата на советници.

Зошто некаде има и по 2 до 3 илјади разлика меѓу поддршките за советници и поддршката за градоначалник? Не е морално ако гласаш за независна листа на советници по секоја цена да гласаш и за градоначалник што е пак одговорено во бројните неважечки гласачки ливчиња.

Второ самото членство на ВМРО – ДПМНЕ и гласачите кои иако не се членови гласаат за оваа политичка партија од понудената шареноликост на кандидати што за градоначалници што за советници избра да не излезе и да гласа. Но тоа не значи дека направија грешка. Грешката е во кадровиот избор на политичката партија затоа што и неизлегувањето на гласање е гласачко право т.е. одлука на електоратот.

Прво ВМРО – ДПМНЕ се соочи со недавање јасни одговори на обвинувањата од страна на СДСМ па СЈО за т.н. “бомби” при што електоратот забележа дека судските процеси си течат но никој не понуди ништо од осомничените и обвинетите како одговор што се обични муабети по телефон а што основ за извршен криминал. Партијата по толку години власт едноставно се одвои од членството и прекина да комуницира.

избори 2017

Сегмент кој е битен е создавање на т.н. анти ВМРО – ДПМНЕ расположение што беше одлика по одлуката на претседателот на државата сепак да го додели мандатот за формирање Влада на СДСМ но и по нелегитимниот избор на претседател на законодавниот дом. Пратеничките групи на ВМРО – ДПМНЕ имаа мал милион што правни што не начини да делуваат но дозволија народот да е виновен за се, и таа навика ја прели чашата.

Следеа месеци во кои многу се пропагираше, а малку се делуваше во законодавниот дом и кога раководството на ВМРО – ДПМНЕ реши да се самореконструира што е можно подалеку од очите на членството.

избори 2017

Сегмент кој ВМРО – ДПМНЕ го чинеше над 120.000 гласови минус е и неодлучноста кога се притисна од страна на меѓународната заедница која се самопрокламираше за медијатор, особено ЕУ и САД кои ги започнаа предоговорите за Договорот од Пржино. Членството сметаше дека избори се решение но Договори зад затворени врати за кои на овој или оној начин дознававме дека се прават отстапки и пропусти беа поразителни.

И како Владата на СДСМ со инстант по втор пат амнестираната ДУИ започна да функционира така ВМРО – ДПМНЕ почна да ја концентрира својата моќ во седиштето оставајќи го членството и без комуникација и без битни одговори повеќе од половина година. Се до 31-ви мај по што решија да бидат опозиција на нелегитимен претседател на нелегитимен законодавен дом.

избори 2017

 

Детали кои особено беа пресудни за фијаското на локалните избори беше во дел презаситеноста кај членството со т.н. вечни кандидати за градоначалници, дел од нив трчаа што за трет што за четврт градоначалнички мандат, а во добар дел од општините, оние поголеми населени места се одеше со кадри кои се наѓаа на листата на осомничени или обвинети од страна на СЈО со што се створи слика на лажни морални вредности.

Критични моменти беа и именувањето на витални пратеници за кандидати за градоначалници и тоа во општини каде се знаеше дека победата е скоро невозможна но и именувањето на непознати имиња на премногу млад кадар особено во источна Македонија.
избори 2017
Аналитичкиот центар на ВМРО – ДПМНЕ потфрли и во проценката дека 8 до 10% од нивни членови или традиционални гласачи кои се во јавната администрација по навика со промена на власта го менуваат и трендот на гласање или загрижени за сопственото работно место не излегуваат да гласаат.

Ужасно јасна беше и поделеноста на најбитното, а сепак игнорирано локално ниво на општински комитети каде веќе не се знаеше кој каде и со кого комуницира, кој остварува средби со партијата на власт за спас на работното место за што се нудеше информација плус за противкандидатот но и членови од листата на советници. Општинските комитети кои повеќе наликуваа на дезориентирани кутии со многу пчели но без матица.

избори 2017

Беа смешни кадровите одлуки на листи за советници во едни општини да меѓу првите три кандидати се лица кои не се ни жители на одредената општина но и кандидати кои во ВМРО – ДПМНЕ се зачлениле нешто помалку или повеќе од 5 до 7 години.

Помешаните чувства кај претседателот на партијата беа пресудни за загубата на изборите. Сите се сеќаваа на прогласот на ВМРО – ДПМНЕ кој никако не кореспондираше со мотото со кое партијата се обиде но не успеа да ги убеди гласачите дека е она вистинското. Пуштањето на светлината и новата ера беа погубни затоа што додека се гледаше намерата на партијата на власт за распродавање на државните интереси и идентитет ВМРО – ДПМНЕ водеше кампања како да сме во Шведска.

избори 2017

Медиумскиот мрак во кој западна партијата е исто така битен сегмент. И тоа не поради медиумите кои и го свртија грбот на партијата туку поради започнувањето на повторна дебата меѓу политичарите каде ВМРО – ДПМНЕ по 11 години молк едвај кубури со говорници.

ВМРО – ДПМНЕ се одгради од меѓународната заедница за ден пред изборите да го повика комплетниот дипломатски естаблишмент во Македонија а вечерта на поразот да повика на оценки и проценки на ОБСЕ и ОДИХР.

Губењето на гласовите на албанските политички партии во целост но и останатите малцинства e исто така фактор. Како што е и сериозното дистанцирање од идеолошката матрица на партијата кон популистички центристички програми со граѓански елементи кои ВМРО – ДПМНЕ никога не ги манифестирало.

И она што беше дефинитивно сигурно за ваков резултат е работењето на аналитичкиот центар врз база на анкети и статистики од некоја друга година или можеби декада од владеењето на партијата притоа убедени дека народот и членството се само бројка.

 

 

 

Може да ве интересира

Бујар Османи, хирургот кој ќе пресече дали ќе не има или не

Бујар Османи, хирургот кој ќе пресече дали ќе не има или не. Бујар Османи е …

Translate »
error: Content is protected !!